Бразил доби сериозно предупредување од ФИФА за можна санкција од меѓународните натпреварувања поради потенцијално мешање на политиката во изборот на новиот шеф на организацијата.
Идните претседателски избори во рамките на Фудбалската конфедерација на Бразил, кои ќе се одржат во јануари, будно ќе ги следат претставници на ФИФА и КОНМЕБОЛ, а во случај на нерегуларности оваа организација може да сноси значителни последици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската фудбалска организација е загрижена дека државниот врв преку политика би можел да се вмеша во изборите за нов претседател на националната конфедерација, што е строго забрането и затоа ќе биде испратена посебна комисија во Бразил да ги следи изборите.
Тие ќе пристигнат во Рио де Жанеиро на 8 јануари 2024 година, со цел да го придружуваат целиот процес на избор на новиот прв човек на бразилскиот фудбал.
#FIFA warned #Brazil on Sunday it could suspend its national teams and clubs from international competitions if an intervention by its #soccer body leads to the election of a new president in January.
— Khaleej Times (@khaleejtimes) December 25, 2023
More information here: https://t.co/fxpHv2wRIE pic.twitter.com/hrnKOto2oB