Дома Фудбал Објавен меилот кој Сала го убедил да го избере Кардиф!

Објавен меилот кој Сала го убедил да го избере Кардиф!

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала (28) се уште се води за исчезнат.

Авионот со кој патуваше од Нант кон Кардиф исчезна над Каналските острови и од тогаш од него и пилотот Дејв Иботсон нема ниту трага, ни глас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој трансфер го завршуваше Вили Мекеј, познатиот агент кој со години работи на трансфери на играчи од Франција во Англија.

Сега во јавноста се појави неговиот меил кој му испратил на Сала за да го убеди да потпише за Кардиф.

„Разговаравме со голем број клубови, меѓу нив се Манчестер, Челзи, Ливерпул…Сметаме дека можеш да завршиш во некој од нив во иднина. На Нант веќе му се јавивме, но ти секогаш можеш да избереш и друга агенција. Не сакаме да зборуваме како да сме родители на нашите играчи. Не, да не си фудбалер, никој од тие луѓе не би ги интересирало за тебе“.

„Нив ги интересираат само парите. Затоа ние исклучиво сакаме да работиме само со клубовите, тоа е работа. Моето искуство ми кажува: Ако не одиш во Премиер лигата сега ке жалиш целиот живот. Се пишуваше дека Кардиф не е заинтересиран. Тоа е наша грешка бидејќи во медиумите објавивме дека те сакаат Вест Хем и Евертон. Сакавме да го зголемиме интересот за тебе, но Кардиф е заинтересиран. Без тие објави никој не би знаел за тебе бидејќи никој не следи Лига 1“, стои во меилот на Мекеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…