Дома Трансфер зона Објавен договорот, Погба само детали го делат од Јувентус

Објавен договорот, Погба само детали го делат од Јувентус

Францускиот играч за врска Пол Погба е блиску до потпис за Јувентус, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

После потврдата дека заминува од Јунајтед, Погба одмара и ги разгледува опциите. Реал Мадрид беше во игра, но тие се одлучија за помладиот Орилиен Чуамени, додека во последните денови често се споменуваше и Пари Сен Жермен. Сепак, од првиот момент е јасно и дека Јувентус е во игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните информации на Романо се дека Јувентус на Погба му спремил договор од четири години вреден осум милиони евра по сезона.

Очекувањата се дека Погба би бил задоволен со такви услови и наводно и самиот тој преферира трансфер во Торино. Во наредните денови се очекуваат преговори во кои ќе бидат договорени деталите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …