Дома Фудбал Останато Објавено писмото кое Суперлигата го испратила до УЕФА и ФИФА

Објавено писмото кое Суперлигата го испратила до УЕФА и ФИФА

Доцна вчера вечер 12 европски клубови објавија формирање на Суперлига, натпреварување кое ќе биде конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА.

Во Суперлигата ќе играат 20 клубови, а засега во јавноста се познати 12 од 15 основачи. Тоа се: Реал, Барселона,Атлетико, Милан, Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од друга страна УЕФА денес треба да ги претстави измените за Лигата на шампионите која од сезоната 2024/2025 ќе има 36 клубови. Претходно УЕФАА објави дека клубовите кои ќе настапат во Суперлигата нема да имаат право за настап во Лигата на шампионите и националните првенства, а со помош на ФИФА би можеле да им забранат на играчите да играат за репрезентациите.

Сега британски „Мирор“ објави писмо кое претставниците на Суперлигата го испратиле до ФИФА и УЕФА. Во писмото тие повикуваат на соработка.

„Загрижени сме дека ФИФА и УЕФА на ова писмо би можеле да одоговорат со казни и исклучување на фудбалерите или клубовите од своите натпреварувања. Се надеваме дека тоа нема да биде вашиот одговор и дека ќе ја препознаете потребата од вакво натпреварување. Исто така, бараме ваша поддршка и соработка за натпреварувањето полесно да се воведе. Ве повикуваме да се сретнеме и да разговараме за тоа како Суперлигата најдобро да ја прилагодиме на фудбалскиот свет“, гласело писмото.

Од Суперлигата потенцираат дека парите заработени од ова натпреварување ќе се користат и за трансфери на фудбалери од клубови кои не играат во тоа натпреварување, па сметаат дека така сите би имале корист од Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…