Дома Останати Објавени ужасни детали за смртта на поранешната скијачка на Шар Планина

Објавени ужасни детали за смртта на поранешната скијачка на Шар Планина

Поранешната американска скијачка која беше членка и на репрезентацијата на САД, Катерина Ригби го загубила животот во несреќа на косовската страна на Шар Планина.

Според информациите на американските медиуми таа била во посета на ски-центарот Брезовица, а загинала на местото „Орлово генздо“ од лавина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


54-годишната Американка загинала додека била во друштво на нејзиниот вереник Волф Мареј. Мареј се обидел да ја реанимира откако стигнал до неа по 20 секунди, но неговите обиди биле безуспешни.

Лавината ја исфрлила поранешната скијачка во дрво, а медицинските екипи забележале и повреда на градниот кош. Внатрешното крварење било кобно и се претпоставува дека се задушила. Кога спасувачката екипа стигнала до неа веќе било предоцна.

Во светот на скијањето таа беше позната и како член на тимот на „North Face“.

Исто така ќе остане запаметена и како една од најзаслужните за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Таткото на Ѓоковиќ пренесен во болница, познато што се случило

Taткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан денеска беше пренесен во болница каде што е примен на одел…