Финансискиот портал „Capology“ објави податоци за платите на сите фудбалери во Премиер лигата пред почетокот на новата сезона.
Имено, за платите на 590 фудбалери се издвојуваат околу 1,8 милијарди фунти, односно просечната плата на фудбалерите во елитната англиска лига е околу 3 милиони фунти годишно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најплатен фудбалер во Премиер лигата е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне. Белгиецот заработува 20,8 милиони фунти годишно, или 400.000 фунти неделно, што е околу 475.000 евра.
Второто место го зазема неговиот норвешки соиграч Ерлинг Халанд со 19,5 милиони фунти, а после него следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и играчот за врска на Манчестер јунајтед Касемиро со годишна плата 18,2 милиони фунти.