Готово е! Веќе се објавени и деталите – Герет Бејл се враќа во Тотенхем после седум години во мадритски Реал во тогаш најскап трансфер на сите времиња.
Се шпекулираше за Манчестер Јунајтед, но од тоа не испадна ништо сериозно. Ако им веруваме на најпознатите англиски медиуми се е завршено. „Сан“ тврди дека Бејл ги поминал и лекарските прегледи, „Дејли Мејл“ под најавата „ексклузивно“ пишува дека се е завршено и се чека само официјализирање. Најумерен е „Скај Спорт“ кој пишува дека Тотенехм „скоро ја завршил работата“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тотенхем за Бејл ќе плати цена од 22.5 милиони евра што ќе бидат пари за неговата плата и трошоците за оштета за позајмица од една година. Со или без опција за откуп тоа останува уште да видиме.
Од таа сума 16.5 милиони евра одат за платата на Бејл што ќе го направи убедливо најплатен играч во тимот. Таа улога во овој момент ја има Хари Кејн со плата нешто поголема од 11 милиони евра.
Реал во оваа зделка добропомина затоа што се ослободи од огромната плата на Бејл, а заработи и шест милиони евра. Останува во текот на сезоната да видиме дали на Тотенхем ќе му се исплати оваа зделка.