Дома Фудбал Англија Објавена програмата: Еве што се ќе прави Сон во војска

Објавена програмата: Еве што се ќе прави Сон во војска

Вчера Тотенхем потврди дека Сон ќе ја искористи оваа пауза поради коронавируост за да служи воен рок во татковината и во Лондон ќе се врати идниот месец.

Сон е во Јужна Кореја каде што ќе ја отслужи својата воена обврска. Денес реномираниот „ЕСПН“ пишува за програмата на 27 годишниот фудбалер на Тотенхем. Таму Сон ќе учствува во вежби со солзавец, вежби за гасење на пожар, но и марш од 30 километри со опрема тешка 40 килограми…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инаку, во Јужна Кореја сите способни лица имаат обврска да служат воен рок, таа земја се уште „технички“ е во војна со Северна Кореја. Сон доби исклучок затоа што пред две години ја предводеше репрезентацијата до златото на азисиките игри, сепак тој се реши да се одолжи кон татковината.

Според информациите обврските на Сон ќе започнат на 20. април и тоа во единицата за морскиот корупс во јужниот дел од земјата на островот Жежу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…