Прва трансфер цел на раководството на Ливерпул ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а прв на листата желби е Вирџил ван Дијк од Саутемптон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ван Дијк одигра уште една фантастична сезона во Саутемптон и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па за него интерес покажуваат готово сите англиски гиганти.
Сепак, ако им се верува на обложувалниците тој ќе заврши во Ливерпул бидејќи тие повеќе не примаат облози на неговиот трансфер на „Енфилд“, што е јасен знак.
Ливерпул е во исклучително добри односи со Саутемтон, па во изминатите години голем број на фудбалери од овој клуб се преселија на „Енфилд“, меѓу кои и Адам Лалана, Клајн, Ловрен и Рики Ламберт.
Според медиумите висината на трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра.