Барселона потврди дека Лионел Меси наредната сезона ќе игра во друг клуб. Причината што Меси заминува се финансиските долгови кои ги има Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веднаш по објавата обложувалниците започнаа да прогнозираат каде Меси би можел да продолжо.
Најголем фаворит со коефициент од 1.90 е ПСЖ. Зад францускиот клуб на листата следат Манчестер Сити (4.00), МЛС лигата (13), аргентинскиот Њуелс Олд Бојс (15), Интер (16), Манчестер Јунајтед (19), Челзи и Јувентус (21).
Војната за неговиот потпис сигурно ќе биде голема, а каде ќе продолжи би требало брзо да дознаеме затоа што наскоро стартуваат најсилните првенства во Европа.