Реал Мадрид во зимскиот преоден рок не доведе ниту еден играч, а со оглед на новите засилувања на Барселона (Дембеле, Кутињо, Паулињо, Мина…) се упатува на тоа дека Реал Мадрид во летото кое следи голема реконструкција.
Според пишувањето на британските медиуми, Нејмар, Икарди и Азар на списокот на желби на Реал Мадрид се најде и Пол Погба, но проблем е неговата соработка со Мино Раиола. (Реал избегнува соработка со контроверзниот агент)
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај оваа соработка која би можела да се случи помеѓу овие два клуба, медиумите во Англија пишуваат дека многу лесно можеме да видиме и трансфер во спротивен правец.
Имено според британските обложувалници Лука Модриќ има големи шанси да премине во Реал Мадрид и коефициентот за овој трансфер изнесува само 1.35! Не е тајна дека Жозе Мурињо е голем фан на играта на Лука Модриќ и веројатно е спремен да го пушти Погба кој веќе не е во прв план за да го доведе Хрватот со кого одлично соработуваше во Мадрид.
Британските обложувалници изнесоа и коефициент за враќање на Модриќ во Тотенхем, но тој е значително поголем и изнесува 11.