Кај некои луѓе љубовта кон домашните миленици нема граници, а доказ за тоа е потегот на еден од најдобрите голмани на дешеницата Јан Облак.
Голманот на Атлетико Мадрид сега се најде во центарот на вниманието затоа што на своето куче му овозможил да патува од Љубљана до Мадрид со такси. Бидејќи не било дозволено кучето да биде качено во авион Облак одлучил да плати такси за повеќе од 1600 километри за неговиот миленик да биде покрај него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој потег на Облак наиде на големо одобрување и воодушевување кај фановите, посебно кај оние кои имаат миленици и ја разбираат неговата љубов и желба да биде заедно со своето куче.
Сигурни сме и дека таксисот бил добро награден од голманот за неговата трпеливост по патот.