Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Оби Микел во поткаст зборуваше за пропаднатиот трансфер на Виктор Осимен на „Стенфорд Бриџ“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Виктор Осимен преговараше со Челзи и трансферот беше пред реализација, но на крај зделката не се реализараше.
Осимен остана во Наполи. А потоа беше испратен на едногодишна позајмица во Галатасарај.
„Знам што Виктор побара, знам и што клубот му понуди. Двете страни на крајот направија одредени компромиси, но едноставно недостасуваа некои ситни работи како документација и лекарски прегледи, за кои немаше доволно време да бидат комплетирани пред финишот на преодниот рок“.
„Виктор беше разочаран што не се реализираше трансферот, разговарав со него, му се јавив, поминавме едно 20 минути на телефон откако заврши преодниот рок“.