ШПАНИЈА е првиот финалист на овогодинешното Европско првенство. Тие во полуфиналето со пресврт ја совладаа Франција со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На крајот од натпреварот се случи необичен инцидент. Шпанските фудбалери тргнаа да слават со своите навивачи. Некои навивачи истрчаа на теренот. Во еден момент во толпата влетаа и обезбедувачите со намера да исфрлат еден од навивачите.
Во обидот еден од обезбедувањето случајно го удри во коленото шпанскиот капитен Алваро Мората. Мората се пожали на повреда, а Шпанците се надеваат дека поради ова нема да го пропушти финалето.