Пандемијата со коронавирусот направи многубројни проблеми во меѓународните натпревари.
Репрезентацијата на Габон вчера помина низ вистински хаос на аеродромот во Бањул. Репрезентативците на оваа афричка земја мораа да спијат на подот и на клупите како што може да се види на фотографиите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причина за ваквата сцена се неправилностите во тестовите кои правеле пред влезот во Гамбија.
Тестот требаше да го направат на 48 часа пред влегувањето во земјата, но бидејќи тоа не беше случај биле приморани ноќта да ја поминат на аеродром.
Помеѓу фудбалерите на Габон беше и Пјер Емерик Обамејанг кој годишно заработува 20 милиони евра и планетарна популарност, сепак тоа не му помогна да добие поинаков третман од останатите.
Натпреварот против Гамбија кој беше закажан за денес ќе се одигра во планираниот термин.