Дома Топ вести Обамејанг сака трансфер во Барселона

Обамејанг сака трансфер во Барселона

Ѕвездата на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг се двоуми околу потпишувањето на новиот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Обамејанг важи до летото 2021 година, а иако челниците на лондонскиот клуб имаат намера да му понудат нов подобар договор него не му се брза.

Медиумите во Англија пишуваат дека Габонецот ги одложува разговорите за продолжување на соработката бидејќи сака да ја чека Барселона.

Надежите на клубот беа дека со доаѓањето на Микел Артета за нов кормилар, Обамејенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите тврдења и информираат дека Африканецот веќе донел одлука да си замине од „Емирати“.

Барселона е заинтересирана за Обамејанг, но тој не е прв избор на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…