Moгамедгаџи Нуров е еден од адутите за медал на Македонија на ОИ во Токио, а денес тој го дозна името на противникот.
Нуров се бори во категоријата слободен стил до 97 килограми и во осминафиналето ќе се сретне со Алексндар Хуштин од Белорусија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот претставник немаше многу среќа во ждребот затоа што ако стигне до полуфиналето и ако резултатите одат онака како што се очекува тој може да се бори со Русинот Абдулрашид Садулев. Тоа е противник кој важи за „непобедлив“ во оваа категорија и зад себе има голем број успеси.
Нуров во Токио ќе настапи на 6. август помеѓу 11 и 13:30 часот.