Националната пливачка федерација објави соопштение во кое информираше дека дури 30 од 31 клуб го потврдиле нивниот легитимитет, а имаа подршка и од ФИНА, ЛЕН и МОК.
Во соопштението тие бараат и да поднесат кривични пријави за Александар Маленко за организиран криминал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствен клуб кој не потпишал изјава е ПК Скопје Скопје.
„Почитувани,
Вкупно 30 од 31 клуб – членки на Националната Пливачка Федерација на Македонија потпишаа изјава со која изрично го потврдуваат легитимитетот на раководството на федерацијата изразен преку огромна мнозинска волја на членките
( изјавата во коментар ) и се оградуваат од лицето Александар Маленко кое е суспендирано и за истото лице се водат дисциплински постапки во ФИНА и ЛЕН, а само еден клуб упорно останува на страната на сите направени злодела.
Потсетуваме на дел од непоправливите штети сторени од лицето Александар Маленко:
– Отуѓен систем за електронско мерење во сопственост на НПФ заради сторен долг,
– Намерно непријавување на ЕП на нашиот најдобар маратонец Евгениј Поп Ацев,
– Скандалозно повлекување и суспендирање на тогашната наша најдобра пливачка Миа Еминова Блажевска од репрезентативен настан и спуштање на нашето државно знаме од истиот настап,
– Обид за лажирање и лажно обвинување за допинг на нашиот тогашен најдобар пливач Филип Дерковски, а со цел исфрлување од олимписки тим на Македонија,
– Докажано и потврдено од ФИНА лажно обвинение за допинг на нашата маратонска легенда Томи Стефановски,
– Обид за исфрлање на најголем број пливачки клубови со обид за забрана на настапи на тие клубови и пливачи надвор од Македонија,
– Бришење на најталентирните пливачи стипендисти од список на стипендисти меѓу кои и пливачи како Никола Ѓуретановиќ кој денес е најдобар македонски пливач на само 16 години и наш потенцијал за најголеми пливачки достигнувања,
– задолжување на федерацијата со дополнителни 100.000,00 ЕВРА за кои веќе има извршни решенија,
– драматично зголемување на долгот кон ФИНА, како и огромен долг поради неисплата на ветените наградните фондови на пливачите од маратоните за кои има постапки во ФИНА,
– Има активна правосилна пресуда за лажно претставување,
– Осудуван е по повеќе основи и го нарушува угледот на позицијата претседател на НПФ,
– Има сериозни индиции дека на посебна сметка Здружението-Комитет за далечинско пливање ( КДП ) примило огромни парични износи на име на пливање и програма од државни институции за што ќе следи постапка после ослободувањето на заробените институции,
Продолжуваме сложно против системот кој толерира криминал, корупција и политичко влијание во спортот! Во пливањето ќе владее волјата на мнозинството, а не волјата на неколку криминалци под политичка заштита! Времето на хаосот истекува и за брзо ќе биде комплетно минато.
Бараме Централниот Регистар на Македонија да постапи согласно своите овластувања и обврски утврдени во законот и да не дозволи манипулација и обид за повторен криминал!
Истовремено го повикуваме Основното јавно обвинителство и ОЈО за организиран криминал по службена должност да постапи согласно своите овластувања и да поднесе кривични пријави за ваквите противправни и кривични дејствија.
Искажуваме голема благодарност за поддршката од ФИНА, ЛЕН и МОК како и огромното мнозинство на клубови членки!
За Македонија се работи!
Со почит,
Национална Пливачка Федерација на Македонија“, стои во соопштението.