Дома Кошарка Ноќ во знакот на кошаркарите на Рапторси, Ванвлет броеше до 54! 🎥

Ноќ во знакот на кошаркарите на Рапторси, Ванвлет броеше до 54! 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни шест натпревари, а херој на вечерта е кошаркарот на Торонто, Фред Ванвлет.

Неверојатниот бек на Рапторси во победата над Орландо уфрли неверојатни 54 поени. Едноставно му одеше во овој натпревар. Постигна 11 тројки и со 54 поени стана играчот со најмногу уфрлени поени на еден недрафтуван играч. Го помина познатиот Мосес Малони.

Покрај него кај Рапторси се истакна Пауел со 23 поени, додека кај Орланди Никола Вучевиќ постигна 21 поени и запиша 18 скока.

Фантастичен меч одиграа Бруклин и ЛА Клиперси, на крајот домаќините славеа во неизвесна завршница со резултат 124:120.

Кајри Ирвинг беше незапирлив со 39 поени, Дурант додаде 28, а Џејмс Харден забележа уште еден трипл-дабл со 23 поени, 14 асистенции и 11 скокови. Кај Клиперси Каваи Ленард уфрли 33 поени, а Пол Џорџ 26 поени.

НБА резултати: Орландо – Торонто 108:123, Бруклин – ЛА Клиперс 124:120, Индијана – Мемфис 134-116, Вашингтон – Портланд 121:132, Голден Стејт – Бостон 107:111, Јута – Детроит 117:105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стартните 0-12 ја најавија тешката вечер: Македонија остана без победа

Македонските кошаркарки загубија од Естонија со 51-86 во Штип и го запишаа вториот пораз в…