Норвешкото „чудо од дете“ Ерлинг Халанд ја импресионираше Европа, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Напаѓачот на Салцбург стигна до бројката од шест гола во Лигата на шампионите и така го сруши рекордот на легендарниот Дидие Дрогба. Тинејџерот блеска на сите полиња оваа сезона, уште не е ни ноември, а веќе има 20 гола на своето конто, во сите натпреварувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Големите европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.
Солскјер веќе работеше со тинејџерот, Халанд настапуваше во Молде под покровителство на сегашниот тренер на „Црвените ѓаволи“.
Мино Раиола кој го претставува младиот Норвежанец, на „Олд Трафорд“ има неколку свои клиенти како Погба, своевремено ги донесе и Лукаку и Санчез, така да Италијанецот има добри врски со англискиот клуб.