Дома Ракомет Норвешка ќе го чека противникот во финалната пресметка на Мундијалот

Норвешка ќе го чека противникот во финалната пресметка на Мундијалот

Селекцијата на Норвешка го озбезбеди својот пласман во финалната пресметка во рамки на женскиот ракометен Мундијал.

Во првото полуфинале кое се одигра попладнево, Норвешка славеше против селекцијата на Холандија со 32:23.

Победникот беше решен по 15. минути игра откако Норвешка создаде предност од осум позитива, односно 10:2, кое успеа да го сочува и до крајот на дуелот. Во последните 10 минути победникот имаше и 10 голови предност.

Нејфикасна во рамки на првиот полуфинален меч беше Нора Мерк од Норвешка која постигна осум погодоци.

Тоа за селекцијата на Норвешка ќе биде седмо финале на светските првенства.

Во второто полуфинале од 20:45 часот играат Франција и Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…