Дома Фудбал Германија Ноер успешно опериран – еве кога ќе се врати на терените!

Ноер успешно опериран – еве кога ќе се врати на терените!

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер денес беше опериран и од терените ќе отсуствува се до јануари 2018 година.

Баерн Минхен денес потврди дека операцијата поминала успешно и дека неговото стапало добро се опоравува, но нема да може да игра се до јануари наредната година.

„Ова е ужасна вест за нас. Хируршката интервенција е успешна и сега тоа е најважното нешто. Се надевам дека ќе го видам повторно на голот во јануари“, изјави извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Ноер заработи фрактура на левото стапало на еден од тренизите, што всушност беше само обновување на старата повреда, па мораше да биде опериран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Родри конечно му призна на целиот свет зошто го одбил Реал Мадрид и ја одбрал Барселона

Родри откри дека одлуката да го одбие Реал Мадрид не била воопшто лесна, особено поради од…