Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер изјави дека со сигурност ќе се врати на терените до крајот на оваа сезона, иако не знае кога точно ќе добие дозвола за игра од докторите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
31-годишниот Ноер е и капитен на германската репрезентација, па селекторот Лев го очекува да биде спремен да престојното Светско првенство.
„Тренерите и лекарите треба да кажат колку сум напредувал. Јас се чувствувам одлично и верувам дека ќе се вратам на терените во вториот дел од сезона. Сепак, во моментов не можем да кажам точно кога“, изјави Ноер за клупската телевизија на Баерн.
Ноер последниот натпревар го одигра на 16-ти септември 2017 година и во моментов се рехабилитира од трета фрактура на метаторзалната коста.