Дома Фудбал Германија Ноер за прпват тренираше по тешката повреда: Кога се враќа на терените?

Ноер за прпват тренираше по тешката повреда: Кога се враќа на терените?

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер денес тренираше со останатите голмани во екипата, првпат откако ја скрши ногата на скијање во декември.

Баерн објави дека 37-годишниот голман одработил тренинг со колегите и направи чекор напред во враќањето на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Бунедслигата не наведе за каков вид на тренинг станувало збор, ниту кога Ноер ќе биде спремен. Последен пат Ноер бранеше за Германија на 1. декември на Светското првенство.

Во првите три натпревари на Баерн во сезоната на голот беше Свен Улрајх, долгогодишната замена за Ноер. На тренингот присуствувал и засилувањето Даниел Перец кој пристигна од Макаби Тел Авив.

Извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен наведе дека клубот се обидел да го доведе Кепа Аризабалага, но тој одлучил да продолжи во Реал Мадрид по заминувањето од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…