Дома Тенис Нов шок за Ѓоковиќ: Нема да може да игра на Ролан Гарос со потврда за прележан Ковид

Нов шок за Ѓоковиќ: Нема да може да игра на Ролан Гарос со потврда за прележан Ковид

Според новите правила на француската Влада, на Новак Ѓоковиќ нема да му важи актуелната потврда за прележан ковид-19 за да игра на „Ролан Гарос“.

Ѓоковиќ не би можел да влезе во Франција со неговата потврда за прележан ковид-19 бидејќи таа ќе важи само четири месеци и до почетокот на турнирот ќе му истече.

Ролан Гарос е закажан за период од 22 мај до 5 јуни, па засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот бидејќи ќе мора да влезе со вакцина или со нова потврда, ако случајно се зарази со вирусот во следните месеци.

Ѓоковиќ беше позитивен на ковид во декември, но не му беше дозволено да игра на Австралија Опен без вакцинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…