Дома Останати Тенис Нов шок за Надал: Повторно ги разочара фановите!

Нов шок за Надал: Повторно ги разочара фановите!

Рафаел Надал поради повреда ќе го пропушти Австралија Опен. Шпанецот и неговите фанови со нетрпение го очекуваа враќањето на големите турнири, но Надал на турнирот во Бризбејн кој требаше да биде подготовка одново се соочи со проблем.

По скоро една година пауза Надал се врати во Бризбејн и победи на два меча со одлична игра, но во четвртфиналето повторно се соочи со проблеми со повреда и беше елиминиран.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Преку социјалните мрежи сега потврди дека нема да биде подготовен за настап во Мелбурн.

„Здраво на сите, за време на мојот последен меч во Брисбејн имав мал проблем со мускул кој како што знаете ме загрижи. Кога дојдов во Мелбурн имав шанса да направам магнетна резонанца и имам микро кинење на мускулот, не е истиот дел каде што бев повреден и тоа се добри вести.

Сега не сум подготвен да се натпреварувам на максимално ниво на мечеви во пет сета. Летам назад во Шпанија да го видам мојот доктор, да добијам некој третман и да се одморам“, објави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …