Дома Фудбал Нов шок за Куртоа. Bо солзи го напушти тренингот на Реал

Нов шок за Куртоа. Bо солзи го напушти тренингот на Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа (31) повторно е тешко повреден. Белгискиот голман го повреди десното колено на последниот тренинг, а теренот го напушти во солзи.

Најверојатно се работи за повреда на менискусот и се чини дека Куртоа воопшто нема да брани оваа сезона бидејќи закрепнувањето од новата повреда ќе трае околу два месеци.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


За потсетување, на Куртоа на почетокот на август му беше дијагностициран прекин на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Поради ова тој сезонава воопшто не играше за Реал, а се очекуваше да може да игра на почетокот на мај. Поради новата повреда тоа враќање речиси сигурно ќе биде продолжено.

Куртоа дојде во Реал Мадрид од Челзи пред шест години за 35 милиони евра и е еден од најдобрите голмани во светот, во голема мера заслужен за сите успеси на Реал.

Бранеше за Генк, Челзи и Атлетико Мадрид, а за белгиската репрезентација има 102 настапи. Оваа сезона голмани на Реал се Андриј Лунин и Кепа, а во последните месеци Украинецот Лунин е прв избор на Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата н…