Дома Фудбал Нов удар за Јувентус: Познато колку ќе паузира Закарија

Нов удар за Јувентус: Познато колку ќе паузира Закарија

Швајцарскиот фудбалер и играч на Јувентус, Денис Закарија ќе биде надвор од терените три недели поради повреда на бутниот мускул, соопшти денес клубот од Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус денес потврди дека Закарија го очекува пауза од околу 20-тина дена. Закарија се повреди за викендот во натпреварот против Емполи.

Ова е нов удар за Јувентус откако од претходно Алегри не може да смета на Киеза, Мекени, Киелини и Дибала. Јувентус во овој момент се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А седум бодови помалку од првопласираните Наполи и Милан.

Се очекува Закарија да се врати за дербито против Интерп осле меѓународната пауза во март, а ќе ги пропушти дуелите со Фиорентина во Купот на Италија, Специја, Сампдорија и Салернитана во Серија А, како и реваншот со Виљареал во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…