Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини се повреди синоќа на дуелот со Наполи и најверојатно ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната.
Киелини има мускулна повреда и сигурно ќе го пропушти дербито со Интер следниот викенд, а „Скај Италија“ пренесува дека повредата е посериозна и најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Киелини ќе се опоравува неколку недели и веројатно нема да игра повеќе за Јуве оваа сезона.
До крајот на сезоната има уште четири круга во кои Јуве ќе има тешки натпревари со Интер и Рома, а „Старата дама“ има и финале за Купот на Италија на 9-ти мај против Милан.