Дома Фудбал Англија Нов удар за Клоп на најлошата позиција

Нов удар за Клоп на најлошата позиција

Тимот на Јирген Клоп оваа сезона потфрли во дефанзивните задачи, а на денешниот меч со Саутемптон ќе имаат дополнителен проблем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Островот пристигнува веста дека Жоел Матип е надвор од ростерот поради полесна повреда, па оттаму ќе го пропушти овој меч.

Навивачите на Ливерпул нема да бидат среќни што тоа најверојатно значи дека се враќа Ловрен, кој е на мета на критики по мечот со Тотенхем.

Покрај него ќе игра и Рагнар Клаван, иако не е исклучено стопер да биде и Џо Гомез.

Добрата вест е што Џордан Хендерсон и Садио Мане се подготвени по полесните повреди во текот на репрезентативната пауза, како и Филипе Кутињо кој ги пропушти изминатите два меча во Премиер лигата.

Мечот помеѓу Ливерпул и Саутемптон на програмата е денес со почеток од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Смена на селекторот на Германија по неуспехот на СП

ЈУЛИЈАН Нагелсман (38) е отпуштен од функцијата селектор на германската фудбалска репрезен…