Дома Македонски спорт Мак баскет Нов триумф на „Штрковите“: МЗТ доминантен против Гостивар

Нов триумф на „Штрковите“: МЗТ доминантен против Гостивар

Актуелниот македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром стигна до четвртата победа во Првата лига откако вечерва во последниот дуел од 6.коло на домашен терен го славеше против новиот прволигаш Гостивар со 75:67.

Првиот период минимално им припадна на гостите, а „Металците“ дојдоа до пресврт во вториот и третиот период и по 30 минути играа имаа водство од 57:49. До крајот на дуелот успеаа да ја зачуваат предноста. Инаку за тимот на Гостивар ова беше втор пораз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најпрецизен на мечот беше Марко Симоновски со 22 постигнати поени.

По комплетирањето на 6.коло двете екипи имаат по 10 бодови.

На врвот е Работнички со максимални 12 бода, а бод помалку имаат Блокотехна и Карпош Соколи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…