Tимот на Денвер во изминатата ноќ славеше против Шарлот со 113:109 и така му го нанесоа вториот пораз во последните осум натпревари во НБА.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денвер беше предводен од Никола Јокиќ кој одигра уште еден одличен натпревар во кој запиша трипл-дабл од 26 поени, 19 скока и 11 асистенци. На четири минути до крајот Денвер имаше 13 поени предност, а Шарлот успеа да се доближи на само еден поен, но повеќе не можеше.




Атланта беше подобра од Индијана со 132:123 и така стигнаа до седмата победа во последните 10 натпревари. Оклахома го доби Портланд после продолженија со 134:131, а Мемфис славеше против Голден Стејт со 123:95.




Продолженија гледавме помеѓу Торонто и Бостон каде што домаќините славеа со 115:112 и така ставија крај на серијата порази. Паскал Сиакаме беше предводник на Рапторс со дабл-дабл од 40 пеони и 13 скока. Во останатите натпревар Кливленд го совлада Орландо (107:101), Мајами беше подобар од Сакраменто (123:100), Хјустон загуби од Сан Антонио (123:120), додека Њујорк успеа се радува против Чикаго (109:104).