Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл за Јокиќ и победа за Денвер, одличен и Дончиќ 🎥

Нов трипл-дабл за Јокиќ и победа за Денвер, одличен и Дончиќ 🎥

Eкипата на Денвер на домашен терен запиша нова победа против Голден Стејт од 131:124 и повторно благодарение на Никола Јокиќ кој стигна до нов трипл-дабл.

Јокиќ натпреварот против Вориорси го заврши со 32 поени, 15 скока и 13 асистенции. И пред оваа вечер Србинот имаше фантастичен настап, па ако се пресметаат и двата за помалку од 24 часа тој постигнал 78 поени, поделил 24 асистенции и додал 27 скока.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Треба да се спомене дека Голден Стејт во овој натпревар играше без Стеф Кари. За Денвер ова беше деветта победа во последните десет натпревари.

Фантастична вечер имаше и Лука Дончиќ во победата на Далас со Јута од 111:103. Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 16 скока и 7 асистенции. За Далас ова беше 40-та победа во сезоната со која стигнаа до петтото место на Западот.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Атланта 113:110 (пп.), Филаделфија – Чикаго 121:106, Мајами – Хјустон 123:106, Минесота – Портланд 124:81, Далас – Јута 111:103, Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 117:110, Денвер – Голден Стејт 131:124, Сакраменто – Њујорк 115:13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…