Дома Трансфер зона Нов случај „Игуаин“ би бил премногу за Неапол, но Италијанците тврдат – можно е!

Нов случај „Игуаин“ би бил премногу за Неапол, но Италијанците тврдат – можно е!

Би можела да им се повтори истата ситуација од пред неколку години.

Наполитанците се уште добро се сеќаваат што им се случи со Игуаин кој премина во редовите на Јувентус и така го навлече бесот на цел Неапол.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега медиумите во Италија тврдат дека наскоро би можеле да видиме „реприза“.

Овој пат во прашање е Пјотр Зјелински.

Полскиот фудбалер игра одлично под водство на Анчелоти, своевремено Сари го доведе од Емполи за 16 милиони евра и сега еден од клучните играчи на тимот.

Преговорите за новиот договор не одат по желба на навивачите на Наполи, а агентите наводно гледаат кон северот на Италија и Премиер лигата.

Имено, Зјелински во својот договор има клазула од 65 милиони евра и истата сака двојно да ја зголеми или во целост да ја избриша. Јасно е дека сумата од 65 милиони евра за Јувентус и Ливерпул кои се заинтересирани не е премногу.

На Апенините се пишува дека Јувентус дури верува дека Зјелински би бил подобра инвестиција од Савиќ, Погба е невозможна мисија, додека за Рабио се во голема борба со Барселона. Поради таквата ситуација Зјелински изгледа како добра опција.

Доколку навистина дојде до реализација на овој трансфер можеме само да замислиме колкав би бил бесот во Неапол.

https://www.youtube.com/watch?v=SMBq608S4Gw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …