Дома Фудбал Репрезентации Нов селектор, нов тим: Еве како ќе изгледа „реновираната“ Аргентина – тука е Икарди! (фото)

Нов селектор, нов тим: Еве како ќе изгледа „реновираната“ Аргентина – тука е Икарди! (фото)

argentina

Репрезентацијата на Аргентина доживеа вистинска катастрофа на Мундијалот во Русија.

Освен што играа катастрофално, ниту во соблекувалната ништо не беше како што треба, селекторот остана без авторитет, па играчите го составуваа тимот, но ниту тоа не им помогна да стигнат подалеку од 1/8 финалето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентина беше елиминирана во 1/8 финалето откако претходно едвај ја поминаа групата. На крајот Сампаоли беше сменет, а на негово место е поставен Лионел Скалони. Помошник ќе му биде Пабло Аимар и двајцата се поранешни репрезентативци.

Новиот селектор ќе направи промени во тимот. Во репрезентацијата ќе врати некои играчи кои не добиваа шанса кај Самполи, додека некој ќе отстрани. Така пред се во првиот состав место ќе добие одличниот голгетер на Интер, Мауро Икарди.

Во првиот тим исто така ќе биде Паоло Дибала кој од некакви причини беше резерва кај Самполи. Во средниот ред ќе добијат шанса Ло Селсо од ПСЖ и Мануел Ланзини од Вест Хем.

Меси ќе игра во средината, а Ди Марија на левата страна, од старите играчи тука ќе бидат стоперите Отаменди и Рохо, лев бек е Таљафико, додека на десната страна ќе игра Бустос. На голот ќе биде Армани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…