Дома Ракомет Нов проблем за Вардар: Заврши сезоната за Сергеј Горбок!

Нов проблем за Вардар: Заврши сезоната за Сергеј Горбок!

Рускиот репрезентативец и член на Вардар Сергеј Горбок повторно има проблеми со повредите.

Искусниот 36 годишен лев бек ги скина лигаментите на коленото и пред него е долга пауза. Тимот на Вардар на својата официјална страна објави дека во наредните месеци ќе биде без услугите на Русинот.

Ваквата повреда бара пауза од најмалку шест до осум месеци.

Поради ваквата ситуација во пресрет на натпреварот против Железничар, останува да се види дали во составот ќе се врати Борозан кој во изминатиот период не играше заедно со Карачиќ.

Горбок се врати во Вардар минатото лето после две сезони поминати во унгарскиот Пик Сегед.

Ќе потсетиме, претходно во таборот на црвено-црните се повреди Стојанче Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ бара мини-лиги: Шест европски меча не се доволни за развој на Вардар

Тренерот на Вардар го критикува европскиот календар и предлага повеќе натпревари наместо б…