Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го повредил мускулот на левата нога, соопшти денеска шпанскиот клуб.
„По извршените тестови од медицинската служба на Реал Мадрид, на Карвахал му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога“, се вели во соопштението на Реал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал не прецизираше колку време Карвахал ќе биде надвор од терените и само порача дека со следниот период ќе следи негова рехабилитација.
Според неколку шпански спортски медиуми, шпанскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу еден месец.
Карвахал играше во саботната победа против Гранада, со која Реал се врати на ист број на бодови за првото место во Ла Лига со Жирона.
Тимот од Мадрид оваа сезона мака мачи со повреди. Голманот Тибо Куртоа и стоперот Едер Милитао одамна ја завршија сезоната, а Винисиус Жуниор моментално е повреден.