Дома Фудбал Нов проблем во Барса: Меси во жестока расправија со помошникот на Сетиен!

Нов проблем во Барса: Меси во жестока расправија со помошникот на Сетиен!

Барса после повеќе од пет години изгуби „Ел Класико“ во Мадрид (2:0) и така го препушти првото место на табелата на Реал Мадрид.

Каталонците паднаа во второто полувреме, а еден од играчите кои потфрлија во овој натпревар беше Лео Меси. Не се сеќаваме кога еден од најдобрите играчи во историјата играл толку лошо во „Ел Класико“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот ТВ канал „Вамос“ денес објави дека помошникот тренер на Барселона Едер Сарабија цел натпревар викал по играчите на теренот.

Најмногу на удар му беше Антоан Гризман, но неколку пати негова мета беше и Меси. „ЕСПН“ пишува дека Сарабија не е најдобро прифатен од играчите на Барселона поради однесувањето. Сарабија веќе подолги години е десна рака на Сетиен, со него беше и во Лас Палмас и во Бетис. Наводно кога дошол во Барса Сетиен ги предупредил играчите на по малку ексентричното однесување на неговиот помошник.

Новинарот на „ЕСПН“ Моисес Лоренс денес пишува дека на тренингот на Барселона било жестоко бидејќи Меси одлучил да разговара со помошникот и да му објасни дека неговото однесување е неприфатливо и дека нема да дозволи во секој натпревар бесот да го истура на него и неговите соиграчи.

Во последно време работите во Барселона не функционираат најдобро, последните резултати и бледата игра не се нешто на кое се навикнати навивачите и оваа информација јасно покажува дека атмосферата во клубот е полоша отколку што изгледа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…