Дома Фудбал Италија Нов потрес во Италија: Отворена истрага против три клуба од Серија А

Нов потрес во Италија: Отворена истрага против три клуба од Серија А

Италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневања за нереално високи суми на трансфери на играчи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Истрагата против Рома се однесува на трансфери помеѓу 2017 и 2021 година, додека истрагата за Лацио и Салернитана се занимава со продажба на играчи меѓу овие два клуба, кои до неодамна имаа ист сопственик – Клаудио Лотито.

Тоа мораше да биде променето поради прописите на Серија А според кои еден човек не смее да има два клуба во ист ранг на натпреварување.

Прелиминарната истрага за Лацио и неговиот прв човек Лотито се заснова на сомневања за издавање „фактури за непостоечки трансакции“, според агенциите АГИ и Анса.

Трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки се во центарот на вниманието во ситуацијата со Јувентус кој веќе беше казнет со одземање на 15 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…