Дома Останати Кошарка Нов пораз на Денвер, Бруклин сигурен, Мемфис приреди изненадување

Нов пораз на Денвер, Бруклин сигурен, Мемфис приреди изненадување

Кошаркарите на Денвер запишаа нов пораз и покрај новиот дабл-дабл на Никола Јокиќ.

Денвер оваа сезона игра доста променливо, па така стигна и 15. пораз и тоа на домашен паркет од Вашингтон Визардс со резултат 112:110.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мари запиша 34 поени, Јокиќ 24 со 11 скокови, но тоа не беше доволно да се избегне поразот. На другата страна Бредли Бил постигна 33, а Хачимура 20 поени.

Мемфис приреди вистинско изненадување и со 122:94 го победија Лос Анџелес Клиперс. Џонс со 20 и Брукс со 19 поени ја предводеа домашната екипа до победа, додека кај гостите Леонард со 17 беше најефикасен.

Во еден од поинтересните натпревари, Филаделфија со 111:97 го победи Далас. Дончиќ постигна 19 поени, а најефикасен актер на натпреварот беше Ембид кој постигна 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…