Дома Топ вести Нов кошмар за Зидан: Барса и Баерн ќе комбинираат, три фудбалери на Баерн се селат на „Камп Ноу“

Нов кошмар за Зидан: Барса и Баерн ќе комбинираат, три фудбалери на Баерн се селат на „Камп Ноу“

Веќе некое време се шпекулира дека Хамес Родригез не е среќен и задоволен во Баерн.

Играше малку под водство на Анчелоти, додека сега Јуп Хејнкес се почесто му дава шанса. Со него, можеби и Артуро Видал и Тиаго Алкантара да го напуштат клубот. Меѓутоа, постои реална опција сите овие три фудбалери следната сезона да бидат во тимот на Ернесто Валверде, односно во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жорге Мендеш сака да ја сврти кариерата на Колумбиецот, а овој агент е сигурен дека тој би сакал заедно со Видал да се пресели во Барса, додека Тиаго Алкантара секако се поврзува со враќање во клубот, уште во јануари.

Единствена отежнувачка околност е тоа што Родригез е многу благодарен за се што му обезбеди Реал. Сепак, кариерата е кариера, а тој се уште е млад фудбалер. Што ќе се случи ни останува да видиме во следните два трансфер периоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …