Пред неколку дена се појавија информација дека Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Јуветус, Даглас Коста, но Манчестер Сити прв направи конкретен потег.
Наводно и Пеп Гвардиола силно го посакува бразилскиот репрезентативец во своите редови, па Сити веќе испратил конкретна понуда од 60 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред неколку дека медиумите пишуваа дека и Манчестер Јунајтед испратил понуда за Даглас Коста и тоа со слична сума.
Даглас Коста соработуваше со Гвардиола во Баерн Минхен, а токму од таму се пресели во Јувентус за вкупна сума од 50 милиони евра.
Бразилецот оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и не е задоволен од својот статус, но „старата дама“ не сака да го продаде во јануари.
Јувентус е спремен да ги одбие сите понуди, но двата градски ривали нема да се откажат од неговиот потрпис и ќе се обидат да го донесат следното лето.