Екипата на Јувентус утре го игра реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите против тимот на Тотенхем, после првиот натпревар во Торино кој заврши без победник 2:2.
Пред оваа средба на конференцијата за медиуми зборуваше дефанзивецот на Јувентус Џорџо Киелини кој покрај тоа што го најави утрешниот натпревар откри и кога има намера да стави крај на карерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во овој момент размислувам само за Лигата на шампионите, акутелниот договор ќе го продолжам за две години, а потоа веројатно ќе започнам со нешто. Знаете, во август полнам веќе 34 години“, изјави Киелини.
Џорџо Киелини веќе долги години го брани црно-белиот дрес и е еден од најважните фудбалери на „старата дама“, па Јувентус веројатно веќе од овој преоден рок може да размислува за негова адекватна замена.