Според најавите во француските медиуми, навивачите на ПСЖ планираат да ги бојкотираат натпреварите на неодредено време.
„Ултрасите“ најавија дека покрај тоа што нема да присуствуваат на натпреварите машката екипа, нема да бидат на трибините ниту на женскиот фудбалски тим, ниту на ракометниот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашиот однос со управата не наведува да веруваме дека најдоброто и единствено решение кое ја заштитува нашата иднина е „бојкот““, соопштија навивачите на средбата.
ПСЖ оваа сезона се бори за 11-та титула во француската лига, а ана четири кола пред крајот има шест бода повеќе од второпласираниот Ленс. До крајот на сезоната за ПСЖ преостануваат два натпревари на домашен терен.
Навивачите исто така неодамна беа во центарот на вниманието поради конфликт со Лионел Меси кон кого упатуваа свирежи.