Дома Фудбал Ново лице на Сан Сиро: Милан го претстави новото засилување

Ново лице на Сан Сиро: Милан го претстави новото засилување

Милан ова лето донесе четири нови фудбалери, но очигледно дека преодниот рок не е завршен на Сан Сиро.

Имено, Росонерите повторно се огласија на официјалната страна и објавија дека договориле ново засилување. Нов играч на Милан е Лео Дуарте, кој пристигна од бразилски Фламенго.

Овој 23-годишен дефанзивец со Милан потпиша договор на пет години, а Росонерите за него платија 11 милиони евра. Тој веднаш ќе му се придружи во припремите на тимот.

Дуарте порасна во Фламенго, а за првиот тим на овој клуб дебитираше во 2016. година. Во последно време игра одлично со што го привлече вниманието на европските клубови, а на крајот се одлучи за Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…