Во Вардар се крои тимот за наредната сезона, а изгледа најновото име би требало да биде Хрват од ППД Загреб.
Хрватот Анте Гаџа кој е среден бек се најавува како ново засилување на црвено-црните на оваа позиција. Тој минатата сезона ја помина во ППД Загреб, а претходно пет сезони беше дел од Нексе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно како замена за Скубе кој се пресели во Мешков Брест на средната бековска позиција се споменуваше Португалецот Мигел Сантош од Порто, меѓутоа на крајот договор не се постигнал, па Гаџа треба да биде решението.
Ќе потсетиме, денес официјално играч на Вардар стана македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски.