Дома Останати Кошарка Ново засилување за МЗТ – Стајиќ се врати во Аеродром

Ново засилување за МЗТ – Стајиќ се врати во Аеродром

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје потпиша со талентираниот плејмејкер, Бобан Стајиќ кој по две години се враќа во Аеродром.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за талентиран плејмејкер, кој изминатите две сезони успешно настапуваше во таборот на Фени индустри.

Стајиќ беше член на „металците“, и тоа периодот од 2013 до 2015 година. Претходно, тој настапуваше за скопска Лирија со која всушност дебитира на прволигашката сцена.

Стајиќ е второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, по некогашниот капитен на тимот, Дамјан Стојановски. Под договорна обврска со шампионот во моментов уште се и Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс. Нов тренер на екипата е Александар Тодоров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шпанската полиција го гони Јанакопулос – се јави и Валенсија (Видео)

Шпанската полиција официјално поднесе пријава против сопственикот на Панатинаикос Димитрис…