Дома Македонски спорт Мак фудбал Ново засилување во Струмица: Брера потпиша со искусниот Драган Стојков

Ново засилување во Струмица: Брера потпиша со искусниот Драган Стојков

Искусниот Драган Стојков од Струмица е новото засилување во редовите на Брера Струмица.

Се работи за 35 годишен дефанзивец, кој зад себе има настапувано во повеќе домашни и странски клубови, треба да биде столб на играта на струмичкиот клуб, но и мотиватор на младите фудбалери во тимот во понатамошниот тек на првенството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум дека после неколку сезони се враќам повторно во мојот роден град сега како член од тимот на Брера.

Покрај големото задоволство што ќе сум дел од тимот, се надевам дека со моето искуство и напоран работа ќе придонесам екипата да ја оствари заедничката цел за оваа сезона и да ја радуваме струмичката јавност“, изјави Драган Стојков кој во својата кариера има освоено КУП титули со Македонија ЃП и Јагодина во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…