Дома Останати Ново заминување во Вардар: Кањелас се сели во Унгарија!

Ново заминување во Вардар: Кањелас се сели во Унгарија!

Од специјализираниот сајт „Планет-хендбол“ пристигнуваат информации за нов удар ракометниот тим на Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, според информациите на овој сајт Жоан Кањалас го договорил својот трансфер и од наредната сезона ќе го носи дресот на вицешампионот на Унгарија ПИК Сегед.

Заминувањето на 32 годишниот Кањељас ќе биде сериозен удар за црвено-црните во новата сезона во која ќе бидат значително ослабени.

Кањељас во Унгарија ќе соработува со сонародникот Хуан-Карлос Пасторе. Во Вардар пристигна во 2016 година додека претходно го носеше дресот на Хамбирг, Атлетико Мадрид, Судад Реал, Граљолерс, Барселона…

Треба да се истакне дека Каталонецот се уште е под договор со Вардар, а неодамна во ракометната јавност излезе со изјава дека и наредната сезона ќе го носи дресот на црвено-црните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…