Дома Фудбал Англија Новото засилување на Ливерпул дебитира во Мерсисајд дербито?

Новото засилување на Ливерпул дебитира во Мерсисајд дербито?

Новото засилување на Ливерпул, Такуми Минамино, нема да може да го направи своето деби во денешниот натпревар во Премиер лигата против Шефилд Јунајтед.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сепак, Јапонецот може да дебитира во дресот на својот нов клуб во Мерсисајд дербито, во дуелот помеѓу Ливерпул и Евертон во третата рунда од ФА купот – најави тренерот на Црвените, Јирген Клоп.

Инаку, Минамино не може да го направи своето деби за Ливерпул против Шефилд Јунајтед бидејќи правилата на Премиер Лигата забрануваат настап во 21. коло на сите играчи кои официјално ги засилуваат клубовите во првите два дена од зимскиот преоден рок.

Минамино, кој пристигна на „Енфилд“ од Салзбург, ќе мора да почека, но можеби само до недела.

„Тој ќе биде во комбинација за натпреварот со Евертон.“ – изјави Клоп на последната прес-конференција.

Натпреварот во ФА Купот помеѓу Ливерпул и Евертон се игра в недела на „Енфилд“, со почеток во 17:01 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вратата на Барселона за големата ѕвезда засекогаш е затворена: „Никогаш повеќе“

Нико Вилијамс беше постојана мета на Барселона минатото лето. Се зборуваше дека трансферот…